НОВО ИЗДАНИЕ
ИЗДАНИЈА

ПЕТ ЧАСА СО МАРИО

Во чест на големиот класик на шпанската литература, Мигел Делибес, по повод стогодишнината од неговото раѓање

Бдеејќи над својот тукушто починат маж, сопругата ја прелистува Библијата, оставена на масичката до зглавјето на починатиот. Несвесно почнува да ги чита деловите подвлечени од човекот што ненадејно ја напушта. Ја обзема наплив на спомени и полека започнува еден испреплетен монолог, кој како да ги оживува пред нашите очи сите ликови во него. Пред нас поминува целиот нејзин кутар живот полн со грешки, недоразбирања и мали радости. Го познавала ли Кармен навистина Марио?

Романот нè води низ скудниот и тесноград менталитет на сопругата, но и низ тајните кои длабоко биле закопани во нејзината душа и сега извираат како порои. И така, се разоткрива една жена со сите нејзини очајувања, но сепак со верба во животот.

Ова е роман кој длабоко навлегува во женската психологија, преку разголената душа на главниот лик, и несвесно нè внесува во шпанското општество од тоа време.

ИЗДАВАШТВО
CASTA DIVA EDITORIAL

КНИГИТЕ ПРЕД СЀ...

Ви нудиме можност да ја издадете вашата книга во КАСТА ДИВА ЕДИТОРИЈАЛ. Една поинаква, модерна визија за издаваштвото.

низ времето

Приказната продолжува

Првата приказна на КАСТА ДИВА започна во септември 1998 година со отворањето на нашето студио за јазици.

Низ годините се менувавме, еволуиравме, се надградувавме, се модернизиравме и се надополнувавме. Работата со преводи на книги е наша реалност од 2000 година, а имаме преведено повеќе од 30 светски наслови. Конечно решивме дека е време да ја продолжиме приказната со отворањето на КАСТА ДИВА ЕДИТОРИЈАЛ.

16септември1998

Почетокот на една приказна

Започна еден сон, со цел да ги оствари соништата на другите

1мај2015

КАСТА ДИВА ЕДИТОРИЈАЛ

На семејството му се приклучи и новиот член, нашата издавачка куќа. Цел ни е да станеме едиторијал препознатлив по уникатност и многу душа.

16септември2020

Свртени кон иднината

Го продолжуваме нашиот сон за нови успеси

ИЗДАНИЈА
ИЗДАНИЈА

НАШАТА ПРВА КНИГА

На 4 мај беше промовирана првата книга на КАСТА ДИВА ЕДИТОРИЈАЛ, Модели на жена од Алмудена Грандес.

Со ова ја започнавме новата ера на КАСТА ДИВА семејството.