Драги наши, 

 

Еве нè со ново соопштение. 

Решивме сепак да продолжиме со online часови, така што сакавме да ве известиме сите што сте заинтересирани да му пишете на својот професор, во групите што ги имате или во приватна порака. Цената на курсот ќе остане иста, со таа разлика што ќе ја плаќате ратата преку жиро сметката на студиото, а ќе ви ја даде вашиот професор. Ова не важи за тие што ја имаат платено сумата однапред. Значи продолжувате со плаќање на втора рата или трета, зависно од тоа до каде сте со плаќањето. Тоа е финансискиот дел.  

Часовите ќе бидат организирани по степени. Секој професор ќе работи со своите групи, со таа разлика што сега ќе се спојат оние што посетуваат ист степен. На пример сите Б1.1 ќе имаат заедно часови. Дополнителни вежби ќе добивате на некоја од платформите за учење или во друга форма, нешто што ќе го договорите со својот професор.  

За тие што се подготвувате за испитот DELEрешивме да ги прекинеме часовите сега и да ги продолжиме во септември. Така ќе се подготвиме за испитот во ноември. 

 Ви посакуваме убави часови на сите што ќе се решите за тоа. Се надеваме дека ќе биде успешно, затоа што и за нас ќе биде новина работење со цели групи на овој начин. 

 

Бидејќи часовите ќе со одржуваат online, постои можност за формирање А1 групи

  

Со љубов,

тимот на Casta Diva

DELE de mayo

La convocatoria DELE de mayo de 2020 queda modificada de la siguiente manera: la convocatoria DELE general (A1, A2, B1, B2, C1 y C2) queda cancelada en Europafuera de Europa, se administrarán todos los exámenes generales en la fecha prevista: el 16 de mayo

Por su parte, la convocatoria del DELE para escolares (A1E y A2/B1E) queda cancelada. 

Los candidatos inscritos en la convocatoria de mayo afectados por estas cancelaciones serán transferidos a la convocatoria de los días 11 o 12 septiembre de 2020. 

Los candidatos que quieran cancelar su inscripción o transferirla a otra convocatoria podrán hacerlo de acuerdo con las pautas citadas. 

Por su parte las convocatorias DELE de octubre y noviembre se mantienen.

 

 

Драги наши Casta Diva ученици, 

 

Како што веќе сте информирани, Владата донесе одлука за затворање на наставните институции. Ние како приватно училиште за јазици се приклучуваме кон оваа препорака од денес, 10 март 2020 година.

Сите часови што нема да се одржат во овие две недели ќе бидат надополнети во понатамошниот период, ќе се работи и во петок и во сабота или едноставно ќе се продолжи целиот семестар онолку колку што ќе биде потребно. 

Ви посакуваме добро здравје 

 

Со љубов, 

тимот на Casta Diva

Испитот CCSE за добивање шпанско државјанство се одржува секој последен четврток од месецот

Во 2019 година полагањето ќе се врши во следниве месеци:  

 јануари - февруари - март - април - мај - септември - октомври - ноември 

 

Повеќе информации на www.examenes.cervantes.es