и срце и душа...
Јазикот има и душа и срце. Треба да допреме до него, да го слушнеме, да го видиме и да го почувствуваме со сето наше битие. Треба да ја разбудиме љубопитноста и да се нурнеме во морето од букви и зборови.
ПЛАКЕТА ГРАЃАНСКИ ЗАСЛУГИ
Амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н.Е. г. Рафаел Соријано Ортис, му додели на Студиото за јазици КАСТА ДИВА од Скопје Плакета на честа од Редот за граѓански заслуги за извонредниот труд вложен во наставата на шпанскиот јазик во Македонија, доделен од Кралот на Шпанија, а во негово име, Министерството за Надворешни работи на Шпанија.
9 октомври 2025Ја започнуваме новата 28 сезона во нови простории. Повторно целосно редизајнирани и обновени.
Ви посакуваме добредојде во нашиот свет.
повеќе
ЕДНОСТАВНО ШПАНСКИ
И оваа година во водиме на летен курс во Малага. Учење јазик, сонце, плажа, посета на други градови и многу забава
повеќе
Драги наши,
Декември го посветуваме на CASTA DIVA и СКОПЈЕ. Низ сите овие години се потрудивме да ви бидеме посветени и да ви ја пренесеме сета љубов за шпанскиот јазик, како и за културите што ги зближуваат сите земји на светот.
повеќе
Драги наши,
Оваа година е нашиот 25 јубилеј. Низ сите овие години се потрудивме да ви бидеме посветени и да ви ја пренесеме сета љубов за шпанскиот јазик. Во текот на сите овие години имавте можност да се дружите со нас на многу јазици - шпански, италијански, француски, германски, турски, грчки, руски и португалски. Во еден момент решивме да му се посветиме само на шпанскиот јазик и да станеме тоа што и бевме од почетокот - единствен специјализиран центар за изучување на шпанските јазик и култура.
повеќеЈа почнавме новата 22 сезона со многу новини. Целосно редизајнирани и обновени: ново лого, нова web страница, нови простории.
Ви посакуваме добредојде во нашиот свет.
повеќеНабрзо по отворањето, КАСТА ДИВА стана препознатлив бренд во градот. Во текот на сите овие години работа се трудевме да го поправаме, доградуваме и да го обновуваме за да ја оправдаме вашата доверба и да продолжиме да бидеме дел од модерниот живот на градот.
Да се предаде знаењето јазик е огромен и интересен предизвик, нешто во кое внесуваме максимална посветеност и душа. Ние ги гледаме нашите слушатели како дел од едно големо семејство - растеме и напредуваме заедно.
ДЕЛ СМЕ ОД УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО ГРАДОТ И ПОСТОЈАНО СЕ БОРИМЕ ЗА УРИВАЊЕ СТЕРЕОТИПИ И СПРЕЧУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА